Високите плати веќе не се привлечни за ИТ експертите

100

Американскиот производител на компјутерски процесори, Intel инвестира изградба на “паметни згради“ во Израел со цел да привлече и задржи поголем број на ИТ експерти, пишува Reuters.

Intel, којшто е еден од најголемите работодавачи извозници на Израел, планира да инвестира 11 милијарди долари во објекти коишто ќе бидат опремени со најсовремена технологија.

Инаку, Израел е земја со најголем број на стартапи во светот, особено во напредна воена и владина поддршка, па се соочува со постојан недостиг на талентиран и стручен кадар. Технолошките компании во Израел пред две години имаа недостиг од 17.000 ИТ инженери, а во меѓувреме бројот на слободни работни места во тој сектор продолжи да се зголемува.

Бидејќи висината на платата не е единствено решение на проблемот како да се дојде до експерти, Intel во предградие на Тел Авив изгради зграда на 10 катови, во којашто работат 2.700 од вкупно 13.000 вработените колку што работат за оваа компанија во Израел. Компанијата не објавила колку чини изградбата и опремувањето на објектот, но локалните медиуми шпекулираат со износ од над 188 милиони долари.

Зградата има највисок сертификат за енергетска ефикасност, има стаклена фасада со одлична вентилација што спречува преголемо затоплување во топлите сончеви денови. Постојат бројни уреди и сензори што ја прават заградата “паметна“, а едни од нив се оние коишто детектираат ако некој влезе во канцеларијата за да се прилагоди осветлувањето и климатизацијата. Има и сензори што го мерат нивото на јаглерод диоксид, па ако се забележат повисоки вредности, веднаш се пушта свеж воздух за вработените да останат енергични.

Фото: Pexels