Класиката повеќе не е број еден

163

Компанијата којашто се занимава со истражување на пазарот, Strategy Analytics проценува дека Apple лани испорачал 30,7 милиони парчиња од својот паметен часовник ширум светот, во споредба со 21,1 милиони колку што продале сите швајцарски брендови заедно.

Аналогните рачни часовници и понатаму се популарни меѓу повозрасните потрошувачи, но младите купувачи се насочуваат кон паметните часови. Традиционалните производители на швајцарски часовници, како што се Swatch и Tissot ја губат војната против паметните часовници, стои во соопштението на Strategy Analytics.

Apple Watch и АirPods бележат раст на продажбата, во последното тримесечје на 2019 година од 10 милијарди долари нето продажба, што е 27% повеќе во однос на истиот период минатата година.

Извозот на швајцарски часовници изнесуваше 20,6 милиони во 2019 година, покажуваат податоците на Федерацијата на швајцарската индустрија на часовници.
Извозот на швајцарски часовници минатата година падна за 13% на годишно ниво.

Apple својот прв паметен часовник го претстави во 2014 година, а шест години подоцна стана светски лидер.

Фото: Pexels