Грчката влада донесе одлука на родителите за секое новородено дете да им исплати 2.000 евра со цел да ја спречи стапката на пад на наталитетот и заминување на младите во други економски поразвиени земји.
Во обид да ги охрабри младите семејства да имаат повеќе деца, грчката влада сега плаќа на родителите додаток по раѓањето на секое дете.
Властите се надеваат дека оваа мерка значително ќе помогне во спречување на падот на наталитетот. Бројот на жители во Грција почна значително да се намалува, што ги загрижи тамошните власти и се одлучија за итно делување.
Покрај исплатата на 2.000 евра за секое новороденче, владата ќе предложи уште мерки за решавање на проблемите за младите родители, олеснувајќи им го и пристапот до градинки.
Според последните податоци на Eurostat, бројот на жители во Грција ќе се намали за една третина помеѓу 2016 и 2080 година, додека до 2050 година 36% од населението на оваа земја ќе биде постаро од 65 години.
Фото: Pexels