Во производството на турскиот автомобил вклучени стотици мали и средни претпријатија

127

Турски TOGG (Turkey’s Automobile Joint Venture Group – Турска автомобилска инвестициона групација) планира да потпише договори со 114 компании коишто ќе бидат нивни добавувачи во процесот на производство на турскиот електричен автомобил.

Во меѓувреме, околу 400 мали и средни компании разговараат со TOGG да станат потенцијални добавувачи кога ќе почне масовното производство на првиот домашен автомобил во 2022 година.

Како што пишува турски Daily Sabah, Здружението на автомобилски добавувачи на Турција, веќе воспоставило ланец на добавувачи со 25 компании коишто учествуваат во производството на автомобилот.

Според проценките, производството на турскиот автомобил ќе креира пазар вреден три милијарди долари, за мали и средни претпријатија во период од 2022 и 2032 година.

Фото: Youtube/Printscreen