Иновациите го движат светот и претставуваат мотор на економскиот раст. Според Global Innovation Index за 2019-та година, приматот најиновативна земја го има Швајцарија.
Меѓу 10-те најиновативни економии на глобално ниво се и: Шведска, САД, Холандија, Велика Британија, Финска, Данска, Сингапур, Германија и Израел.
Од земјите во регионот, според овој индекс, најдобро е позиционирана Словенија – на 31-во место. Пред нашата земја, којашто е 59-та од 129 земји во светот, се и: Бугариjа (40), Грција (41), Хрватска (44) и Црна Гора (45). Помалку иновативни земји од Македонија, од земјите во регионот се: Босна и Херцеговина (76) и Албанија (83).
На дното на листата, неславно завршуваат: Јемен, Бурунди, Нигер, Того и Гвинеја.
Индексот го оценува степенот на иновативност на економијата врз основа на: институции, степен на софистицираност на бизнисот, човечки капитал и истражувања, софистицираност на пазарот, знаење и развој на технологија, како и креативни пронајдоци.
Фото: Pexels