Роботите на Wall Street се поуспешни од брокерите

Wall Street сè повеќе се насочува кон роботски аналитичари, компјутерски програми коишто работат исто како и луѓето во скапи костуми кои прават анализи за капитални инвестиции.

Според студијата на научниците од Kelly School of Business на Универзитетот Индијана, роботите се подобри во својата работа во однос на колегите во костуми.

Научниците испитувале повеќе од 76.000 извештаи за истражувања издадени од група роботски фирми за аналитика, откривајќи дека портфолиото формирано од нивните препораки за купување ги надминува оние на човечките аналитичари, сугерирајќи дека нивните повици за купување биле попрофитабилни.

Покрај тоа, робо-аналитичарите даваат урамнотежени препораки за купување, држење и продажба на акции, за кои научниците велат дека се помалку подложни на “предрасуди и судир на интереси“ отколку луѓето.

Робо-аналитичарите, исто така, ги ревидираат своите извештаи почесто од нивните колеги во костум, при што тие ревизии помалку се потпираат на најави за приходи, а повеќе на голема количина на податоци објавени во годишните извештаи на компаниите.

Фото: Pexels