Бугарија комуницира со компанијата Tesla за потенцијална инвестиција на американскиот производител на електрични автомобили во фабрика во земјата, пренесуваат бугарските медиуми, цитирајќи го министерот за економија, Емил Караниколов.
“Имаме две амбиции: првата е производство на автомобили, а втората е производство на батерии за електрични автомобили“, вели Караниколов.
Тој додава дека Бугарија е подготвена да започне производство на делови за автомобили со Tesla, но фабрика за производство на автомобили или електрични акумулатори би била подобра опција.
Бугарија, исто така, се надева дека ќе привлече инвестиции од јужнокорејскиот производител на автомобили Hyundai Motor Company.
“Ние испративме писмо до нивната европска канцеларија и очекуваме одговор“, рече тој.
Минатиот месец, Тesla најави дека планира во Бугарија да отвори прва станица за полнење во градот Пловдив.
Фото: Pixabay