Корона вирусот чијшто епицентар е во Кина се шири низ целиот свет. Покрај тоа што ги загрозува човечките животи, овој вирус е сè погубен и за светот и за кинеската економија.
Најновиот бран го почувствуваа двата глобални брендови Gucci и Hilton, кои ги затворија повеќето од нивните продавници и хотели во Кина во изминатите два дена. И така, иако нивното седиште не е во Кина, тие станаа жртва на вирусот во таа земја.
Hilton затвори 150 хотели во Кина. Постои загриженост дека ова е само почеток за хотелиерите. Иако компанијата сè уште работи во некои делови на земјата, се проценува дека Hilton би можел да изгуби 25 милиони до 50 милиони долари во текот на 12 месеци.
Кога станува збор за Gucci, сопственикот затвори половина од своите продавници во Кина, а останатите работат со скратено работно време, а продажбата значително опадна.
“Имаме голем пад на прометот и продажбата во последните десет дена“, рече извршниот директор на Gucci, Франсоа-Хенри Пино.
Nike минатата недела исто така затвори половина од продавниците.
“Очекуваме дека ситуацијата ќе има материјално влијание врз нашиот бизнис во Кина на краток рок“, стои во соопштението на компанијата.
Технолошкиот сектор не е поштеден од вирусот. Компаниите низ целата земја ги затвораат своите канцеларии, продавници и фабрики. Овие затворања се очекуваше да траат до крајот на јануари, но крајниот рок беше продолжен до 10 февруари. Но, официјалните лица во некои провинции и области продолжуваат да им препорачуваат на компаниите да не ги отвораат своите канцеларии до 1- ви март, пишува BizLife.
Фото:Pixabay