Кои мобилни беа во мода пред 27 години?

108

Доколку имате “животно“ искуство од над три децении, тогаш најверојатно се сеќавате на некои од култните модели на мобилни телефони, коишто се “далечни“ предци на денешните паметни телефони што не ги испуштаме од рака.

Видеографика на Latos Charts покажува колку и кои мобилни телефони биле најпродавани од 1993 година до денес.

Во далечната 1993 година, лидер во продажба на мобилни телефони беше Motorola. Таа година, мобилен телефон од овој бренд имале 6,6 милиони корисници. Во топ три најпродавани брендови на мобилни телефони биле и Nokia со 4,7 милиони продадени уреди и NEC со 4,3 милиони.

Десет години подоцна (2003 година) ситуацијата е променета, бидејќи Motorola (70,4 милиони уреди) и Nokia (167,5 милиони) ја менуваат лидерската позиција, а свој удел веќе имаат и Samsung (48 милиони), Siemens (39 милиони) и Sony (25 милиони).

Пред седум години, односно во 2013-та година, најпродаван бренд за мобилни телефони е Samsung со 435,6 милиони уреди. Меѓу петте се и: Nokia (263 милиони), Apple (147,7 милиони), LG (67 милиони) и ZTE (60,9 милиони).

Во последните две години (2018-та и 2019-та година) најпродавани модели на мобилни телефони се оние што се дел од категоријата Останати, предводени од кинескиот бренд Xiaomi. Зад себе ги оставаат: Samsung (317 милиони), Apple (213 милиони) и Huawei (157,9 милиони).

Фото: Pixabay