Трендови во дигиталниот маркетинг за оваа година

105

Дигиталниот маркетинг е динамична област којашто постојано се менува, прилагодува и трансформира согласно новите трендови.

Купување преку социјални медиуми

Иако порано социјалните медиуми беа место на коешто се создаваа виртуелни пријателства, денес тие се место на коешто може да се заработат многу пари. Наместо да развиваат посебни апликации, тие ја користат импулсивноста на купувачите и им нудат на продажба производи директно од сопствениот профил.

Непосредна комуникација со корисниците

Компаниите веќе не можат да помислат само на индиректна комуникација со своите купувачи. Онлајн медиумите веќе се место на коешто може да се иницира непосредна комуникација. Компаниите што се подготвени за таква соработка, градат силна врска со своите клиенти, ја придобиваат нивната лојалност и можат да се надеваат на подобри продажни резултати. Персонализираниот пристап ги прави да се одвојат од конкуренцијата и да трасираат сопствен пат на пазарот.

Моќта на инфлуенсерите

Ако на едно место се стават социјалните медиуми, алатките за продажба, ништо од тоа нема да даде толку голем ефект ако се изостават инфлуенсерите. Од нив се очекува својата “армија“ следбеници да ја едуцираат и насочат кон производот, без да им сугерираат колку е тој добар или без него дека нема да можат да си го замислат животот. Нивна задача е само суптилно да се “дружат“ со производот, а продажбата ќе си дојде сама по себе.

Како да се креира јавното мислење?

Рецензиите се пречката или патот до којшто ќе може производот да се лансира на врвот. Важно компанијата да го одржува брендот на високо ниво, а задоволството на потрошувачите да остане врвен приоритет. Потоа, тоа лесно ќе се преслика во продадени производи или добри рецензии оставени на социјалните мрежи. Овие пофалби, проследени со силното инфлуенсерско “лоби“ ќе овозможи раст на продажбата, поголем интерес за брендот.

На крајот, не треба да се заборават и традиционалните форми на продажба, но на овие нови трендови треба да им се отстапи доволно место за да го покажат своето.

Фото: Pexels