Fiat Chrysler затвора погони низ Италија

68

Автомобилската компанија Fiat Chrysler го намалува производството и привремено затвора четири фабрики низ Италија.

За да ги поддржи мерките кои се преземени во земјата поради епидемијата на Covid – 19, компанијата реши привремено да ги затвори своите фабрики во Италија.

Од италијанско – американската компанија соопштија дека се преземени сите активности за намалување на ризикот од ширење на зараза меѓу вработените.

Се очекува фабриките да бидат повторно отворени на 16-ти март. За да се ограничи контактот меѓу вработените, од компанијата соопштија дека ќе го зголеми растојанието помеѓу работниците на постројките. Ова ќе доведе до промена на производствениот процес, односно значително намалување на производствената норма.

Фото: Facebook