Германска автокомпанија тестира производство на медицинска опрема

160

Германскиот производител на автомобили Volkswagen соопшти дека се придружува на другите производители низ целиот свет во обидот да ја истражат можноста за користење на 3D печатачи за производство на болнички респиратори за борба против коронавирусот.

Многу држави регрутираат производители на автомобили, вклучувајќи ги Ford, General Motors, Ferrari, и Nissan, за да го забрзаат производството на респиратори и друга медицинска опрема што недостасува за лечење од оваа болест која брзо се шири.

Volkswagen соопшти дека формирана е работна група да тестира материјали и проверува ланци на снабдување, да проучува како може да се користи 3D печатaч за да помогне во производството на болнички респиратори и друга опрема за спасување на животи.

“Медицинската опрема е нова област за нас. Но, штом ги совладавме барањата и го добиеме планот, можеме да започнеме “, соопштија од VW, додавајќи дека прототип компонентите се отпечатени и дека во проектот е вклучена нивната подружница Skoda.

Фото:Pixabay