Потрошувачи во Русија биле пријатно изненадени кога во супермаркет во Москва забележале колички со веќе спакувани производи, што се неопходни во случај на влошување на ситуацијата поради коронавирусот, пренесува Sputnik.
Синџирот супермаркети Auchan со таква акција сакаа да покажат дека нема причина за загриженост, бидејќи рафтовите се полни и има доволно намирници за сите. Во овие таканаречени антикризни колички има два комплета на производи по различни цени – поевтината чини околу 30 евра, а втората е поскапа за 10 евра.
Во нив има хељда, тоалетна хартија, шеќер, различни видови на тестенини, брашно, растително масло, влажни марамчиња.
Подоцна се покажало дека станува збор за еднодневна акција во маркетите во Москва.
Поголемиот број на супермаркети во рускиот главен град вршат достава на намирници на домашна адреса, а голем дел од нив започнале акции за бесплатна достава за лица постари од 65 години.
Фото: Pixabay