Американскиот производител на електрични автомобили, Tesla планира да го намали бројот на вработени во фабриката за батерии во Невада за околу 75%, како резултат на пандемијата на коронавирус.
Овој потег следи по најавата на нејзиниот јапонски партнер за производство на батерии, Panasonic, дека ќе ја намали работата во фабриката Невада оваа недела, пред да ја затвори на 14 дена, пренесува Reuters.
Фабриката произведува електрични мотори и батерии за популарниот автомобил Tesla Model 3.
Компанијата Tesla најави дека привремено ќе го запре производството во фабриката сместена во Калифорнија.
Планот е клуч на вратата на фабриката да има до 23-ти овој месец, а по оваа најава, акциите на компанијата забележаа пад од 7%.
Фото: Twitter