Пократка работната недела – Хрватска со нови планови за кризата

272

Хрватскиот министер за труд, Јосип Аладровиќ не ја исклучи можноста државата да воведе скратување на работната недела поради епидемијата на новиот коронавирус.

Тој рече дека е најавена седница на Економско-социјалниот совет, на која работодавците, синдикатите и Владата ќе се обидат да постигнат консензус за тоа каде би можеле да се направат можни заштеди.

“Потпишани се колективни договори, но очекувам претставниците на работниците да ја прифатат ситуацијата, изјави Аладровиќ, за RTL Danas.

Тој, исто така, најави дека работната недела може да се намали на четири дена.

“Во овој момент, ние се решивме за мерките што ги презентиравме минатата недела, но јас не би ја исклучил мерката за скратување на работната недела“, рече Аладровиќ.

Фото: Pixabay