Зголемен бројот на издадени одобренија за градење

30

Во февруари оваа година се издадени 248 одобренија за градење, што е за 62,1% повеќе во однос на истиот период лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3.049.564.000 денари, што е за 158,1% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 137 (55,2%) се наменети за објекти од високоградба, 33 (13,3%) за објекти од нискоградба и 78 (31,5%) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 248 објекти, на 130 (52,4%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 118 (47,6%) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 336 станови со вкупна корисна површина од 28.384 метри квадратни.

Фото: Pixabay