Пченицата е важна житарка за светот, а тоа се покажува и сега во услови на пандемија, кога значително се зголемува побарувачката за брашно и леб.
Според податоците на World’s top exports, извозот во 2018-та година достигна вредност од 41,2 милијарди долари.
Најголеми извозници на глобално ниво се: Русија (8,4 милијарди долари), Канада (5,7 милијарди долари), САД (5,5 милијарди долари), Франција (4,1 милијарди долари) и Австралија (3,1 милијарди долари).
Меѓу 15-те најголеми извозници на пченица, од земјите во регионот ја има само Бугарија и тоа на 11-та позиција во висина од 849,7 милиони долари.
Фото: Pixabay