Американската компанија Tesla најави дека најновата верзија на нејзиниот автономен софтвер за возење може да ги препознава светлата на семафорите. Но, некои возачи на Tesla автомобили нема да застанат кога на семафорот ќе светне црвено, туку и ќе ја намалат брзината кога ќе светне зелено светло, пишува CNN.
Минатата недела, возачите на Tesla добија надградба на софтверот што вклучува контрола за светлата на семафорите и запирање на знак СТОП. Целта на овој додаток во софтверот е да се може автопилотот да го запре возилото ако така налагаат светлата на семафорот или поставениот сообраќаен знак.
Од Tesla објаснуваат дека софтверот е во бета верзија, односно сè уште не е финализирана, а целта е вештачката интелигенција да има јасна примена во секојдневниот живот.
Со новиот софтвер, автомобилите, зад коишто стои Илон Маск, може да препознаат семафор и знак СТОП поради што ја намалуваат брзината. Но, автомобилите забавуваат и кога на семафорот е вклучено зеленото светло. Кога автомобилот ќе се доближи до семафорот, испраќа известување до возачот дека планира да ја намали брзината и да застане, по што возачот може да стисне гас за да може на автомобилот да му испрати порака дека е безбедно да продолжи со возењето.
Фото: Pixabay