Е-потврди за полесно водење бизнис

58

Online-Strategija-Biznis-Strategija-FeaturedСистемот за издавање на е-потврди кој е воведен е согласно мерките предвидени во четвртата фаза на Регулаторна гилотина, започна да функционира во мај годинава. Негова цел е да го олесни пристапот до податоци со кои располага Централниот регистар за бизнис заедницата.

Како што објасни директорот на Централниот регистар, Ванчо Костадиновски, овој систем овозможува нарачка и плаќање на документите по електронски пат и нивно подигнување електронски или во хартиена форма на шалтерите на Централниот регистар.

“Најголема придобивка од овој систем е упростување на процедурите и постапките за добивање потврди. Целта на системот е сите податоци да бидат лесно достапни и да им помогне на компаниите при добивање на одредени одобренија и лиценци, како и при донесување на некои деловни одлуки”, изјави Костадиновски.

Премиерот Никола Груевски потенцираше дека ова е огромен скок на полето на подобрување на условите за водење на бизнис и на подобрување на бизнис климата во Македонија.

”Во сите овие години покажавме и докажавме дека ако се сака може да се постигнат големи резултати на полето на уривање на бирократските процедури и бариери. Преминување од хартиена во електронска форма, дигитализација и перманентно воведување на многу нови услуги кои се од корист за компаниите и бизнисот. Резултатите се гледаат и ги чувствува секој граѓанин, фирма, банка, управител, сметководител и извршител”, рече премиерот.