Градските власти во Бјеловар и Пула се првите во Хрватска кои го пресликуваат примерот за помош на угостителите од главниот град на Литванија, Вилнус.
Имено, Вилнус, ќе претвори многу улици и отворени простори во барови, ресторани и кафулиња за да овозможи угостителската индустрија да се врати во колосек, додека луѓето можат да одржат социјално дистанцирање и да помогнат да се избегне ширењето на Ковид-19.
“Не измислив топла вода и нема да ја измислам. Каде и да видиме добри и иновативни идеи ќе ги примениме“, вели градоначалникот на Бјеловар, Дарио Хребак.
Хрватската влада донесе одлука на 11 мај да се овозможи работа на кафулињата, рестораните и баровите, но само во бавчите и со придржување на мерките на заштита како што се задолжителна одалеченост помеѓу масите од два метри и ограничен број од двајца гости на масата.
Градоначалникот на Бјеловар, веќе одржал состанок со угостителите и разговарал за оваа иницијатива којашто би можела брзо да заживее. Секој угостител, како што пишува Jutranji list, кој ќе побара проширување на терасата ќе мора да има документ за задоволување на минималните технички услови.
Фото:P