Во Хрватска е забележан драстичен пад на цените за туристичко сместување, пренесува Index.hr. Цените низ огласите се драстично намалени, па така ако најевтиниот апартман лани во претсезона бил 40 евра, сега за истиот период оваа година толку чини најскапиот.
Цените на апартманите во 2019 година, како што пренесува порталот, за и предсезона чинеле од 40 до 100 евра, додека во сезона биле од 60 до 200 евра. Оваа година од 25 до 40 евра се движат цените на апартманите во пред и по сезона, додека во сезона се движат од 45 до 70 евра. Најскапиот апартман за изнајмување на цела куќа за одмор со базен, во сезона, чини 114 евра дневно.
“Некои се потпираат најмногу на своите стари гости, значи оние кои веќе имаат резервирано, па со нив се во постојан контакт. Но, директни, нови резервации има многу малку. Се резервираат најмногу само комплетни куќи, а никако апартмани по куќи или станови. Туристите поради оваа ситуација со коронавирусот преферираат цела куќа за одмор, така што оние кои изнајмуваат такви куќи најдобро ќе поминат оваа сезона“, вели Мартина Нимац Калцин за Index.hr.
Фото: Freepik