Кинеската компанија Contemporary Amperex technology, којашто произведува батерии за електрични автомобили, најави дека може да произведе батерија со којашто автомобилот може да помине дури два милиони километри, пренесува ВВС.
Оваа батерија би имала животен век од 16 години, а корисникот би можел да ја извади и да ја стави во друго возило.
Продолжување на животниот век на батериите е многу важен за иднината на електричните автомобили.
Батеријата што моментално ја нуди кинеската компанија има гаранција дека со едно полнење може да се преминат околу 240.000 километри или осум години возење.
Фото: Freepik