Колку заработивме лани од извоз на шеќер?

Извозот на шеќер на глобално ниво минатата година достигна вредност од 19,3 милијарди долари или 15,5% помалку во однос на 2018 година, покажуваат податоците на World’s top exports.

Македонија е 101-ва во светот по извоз на шеќер во вредност од 381.000 долари или 21,3% повеќе во однос на 2018 година. Кога станува збор за увозот, земјава лани увезла шеќер вреден 30,5 милиони долари.

Инаку, најголем извозник на шеќер во светот е Бразил, којшто покрива над 27% од светскиот извоз и од тоа заработи 5,2 милијарди долари. Меѓу петте најголеми извозници на шеќер се и: Тајланд (три милијарди долари), Индија (1,8 милијарди долари), Франција (960,4 милиони долари) и Гватемала (694,7 милиони долари).

Од земјите во регионот, највисоко е позиционирана Хрватска (38-мо место) со извоз на шеќер од 60,9 милиони долари. Потоа се: Србија (45,6 милиони долари), Словенија (18,3 милиони долари), Бугарија (12,9 милиони долари), Грција (10,2 милиони долари) и Босна и Херцеговина (2,4 милиони долари).

Фото: Freepik