Увозот на дијаманти минатата година изнесуваше 105 милијарди долари или 19,7% помалку во однос на 2018 година.
Најголем удел од 21% во вкупниот увоз или 22 милијарди долари има Индија. Втори најголеми увозници на дијаманти во светот, според податоците на World’s top exports, се САД со увоз од 20,2 милијарди долари, додека 17,7 милијарди долари беше увозот на Хонгконг.
Десетте најголеми увозници на дијаманти, што за тоа одвоија и по неколку милијарди долари се: Белгија (10,6 милијарди долари), Кина (7,8 милијарди долари), Обединети Арапски Емирати (6,8 милијарди долари), Израел (4,7 милијарди долари), Швајцарија (2,4 милијарди долари), Тајланд (две милијарди долари) и Велика Британија (1,9 милијарди долари).
Извозот на дијаманти во 2019 година беше 107,4 милијарди долари.
Фото: Freepik











