Земји со најголеми резерви на нафта

198

Иако неизвесноста, политичките превирања, пандемијата што го зафати светот… имаа влијание врз ценовното движење на “црното злато“, сепак нафтата останува важен енергенс во светски рамки.

Според податоците, со 298.400.000.000 барели, Венецуела е земја со најголеми нафтени резерви во светски рамки, пренесува World Atlas. Овие 298,4 милијарди барели нафта сочинуваат 17,9% од вкупните светски резерви на нафта во светот. Венецуела произведува околу 2,1 милиони барели нафта дневно. Иако земјата се соочува со длабока финансиска и политичка криза, сè уште го има приматот на земја со најголеми резерви на нафта на планетата.

Втора земја во светот, според резерви на нафта, е Саудиска Арабија со 268.300.000.000 барели. Дневното производство на нафта на оваа земја е 12 милион барели дневно, поради што се очекува да го преземе лидерското место. Саудиска Арабија е зависна од извоз на нафта, што опфаќа околу 75% од вкупниот извоз на годишно ниво.

Канада е трета на листата земји со најголеми девизни резерви во светот, благодарение на 171.000.000.000 барели или 4,8 милиони барели дневно производство.

Ова е листата на 10 земји со најголеми нафтени резерви:

Иран – 157.800.000.000 барели

Ирак – 144.200.000.000 барели

Кувајт – 104.000.000.000 барели

Русија – 103.200.000.000 барели

Обединети Арапски Емирати – 97.800.000.000 барели

Либија – 48.360.000.000 барели

Нигерија – 37.070.000.000 барели

Фото: Freepik