Извршниот одбор на германската Commerzbank планира да затвори повеќе од половина од скоро 1.000 подружници низ целата земја до крајот на 2023 година. Покрај тоа, планирано е во таа групација да бидат намалени скоро 10.000 од 32.792 работни места, пишува Börsen-Zeitung.
Ова ги вклучува кратењата најавени минатата есен. Тогаш оваа кредитна институција објави дека ќе затвори 200 филијали и ќе намали 4.300 работни места, што требаше делумно да се компензира со отворање на околу 2.000 работни места.
Според весникот, програмата наречена ’пресврт’ е на агендата на надзорниот одбор е во среда, по што ќе се одржи дискусија.
Фото: Pixabay