Држави за кои може да се праќаат поштенски пратки во меѓународен сообраќај

351

Давателот на универзалната услуга – АД Пошта на Северна Македонија – Скопје, ги известува своите корисници дека е во постојан контакт со меѓународните поштенски оператори и превозници и своето меѓународно работење го прилагодува на постојната состојба.

Пописот на држави за кои е овозможено испраќање на поштенски пратки може да се види на следниот линк на веб страната на АД Пошта на Северна Македонијa www.posta.com.mk – и истиот се ажурира согласно околностите во државите.

Оттаму ги повикуваат сите корисници пред испраќање на поштенски пратки во меѓународен поштенски сообраќај да го проверат редовно ажурираниот попис на држави за кои може да се испраќаат поштенски пратки.

АД Пошта на Северна Македонија – Скопје нема прекин во доставувањето на пратки од меѓународниот поштенски сообраќај, односно сите пратки кои пристигнуваат во Република Северна Македонија се доставуваат до крајните корисници односно примачи.

Држави за кои може да се праќаат поштенски пратки во меѓународен сообраќај:

Австрија

Албанија

Англија

Аргентина

Белгија

Босна и херцеговина

Бразил

Бугарија

Германија

Грција

Данска

Индија

Италија

Израел

Јапонија

Косово

Латвија

Молдавија

Норвешка

Полска

Романија

Русија

Сад

Словачка

Словенија

Србија

Турција

Украина

Унгарија

Франција

Холандија

Хонг конг

Хрватска

Црна гора

Чешка република

Швајцарија

Шведска

Шпанија

Фото: Freepik