Извезуваме ли литиум – јонски батерии во светот?

184

Во 2019 година, на глобално ниво извозот на литиум – јонските батерии достигна вредност од три милијарди долари, што е пораст од 2,3% во споредба со 2018 година.

САД се најголем извозник на литиум – јонски батерии со удел од 15% и заработка од 442,9 милиони долари. Меѓу петте најголеми извозници во светот се и: Индонезија (387,7 милиони долари), Хонгконг (315,3 милиони долари), Кина (311,4 милиони долари) и Сингапур (266,7 милиони долари).

Од земјите во регионот, најголем извозник на литиум – јонски батерии е Словенија со 2,6 милиони долари. Потоа следуваат: Грција (1,1 милион долари), Србија (761.000 долари), Бугарија (378.000 долари), Хрватска (370.000 долари), Црна Гора (176.000 долари) и Босна и Херцеговина (22.000 долари).

Македонија има скромен удел во извозот на овој вид батерии, што најчесто се користат за напојување на мобилни уреди, со само 2.000 долари или 33,3% помалку во споредба со 2018 година, покажуваат податоците на World’s top exports.

Фото: Pixabay