Иако една народна песна порачува дека “среќата со пари не се купува“, сепак некои истражувања го тврдат спротивното.
Едно американско истражување покажува дека во последните децении оние кои имаат повеќе пари се и повеќе среќни. Меѓу луѓето на возраст од 30 и повеќе години, во САД во период меѓу 1972-ра и 2016-та година, владее ставот дека како растат приходите, така и среќата ќе се зголемува. Во истражувањето се вклучени 44.198 испитаници, во период од 72-ра до 2016-та година.
Овие податоци се разликуваат од претходните истражувања коишто покажуваат дека чувството на благосостојба над годишен доход од околу 75.000 долари не се менува, пишува Washington Post.
Студијата, исто така, покажува дека среќата денес е многу повеќе поврзана со приходите за разлика од 70-тите и 80-тите години на минатиот век. Аналитичарите сметаат дека во последно време среќата, многу почесто од порано, се купува со пари. Тие, при анализа на податоците, дошле до заклучок и дека бројот на бракови меѓу луѓе со ниски примања и бројот на бракови на оние со повисоки примања, пред неколку години бил приближно ист, но сега се менува ситуацијата бидејќи помалку Американци со ниски приходи решаваат да влезат во брак. Сепак, податоците покажале дека оние луѓе кои се во брак, се изјасниле дека се посреќни во животот од другите.
Фото: Freepik











