Кој е најголем извозник на ананас во светот?

Извозот на ананас во светски рамки минатата година достигна вредност од 2,2 милијарди долари, што е 5,2% повеќе во однос на 2018 година, покажуваат податоците на World’s top exports.

Коста Рика е извозник број еден на ова јужно овошје со удел од 43,8% и заработка од 981 милион долари. Меѓу петте најголеми извозници на ананас во светот лани беа и: Филипини (323,8 милиони долари), Холандија (250,6 милиони долари), Белгија (97,1 милион долари) и САД (93,3 милиони долари).

Од земјите во регионот, најголем извоз на ананас има Словенија со 2,3 милиони долари. Потоа следуваат: Грција (1,7 милиони долари), Хрватска (536.000 долари), Бугарија (12.000 долари) и Србија (9.000 долари).

Фото: Freepik