Раст на приходите од 2.821% – хрватска компанија меѓу најбрзорастечките во светот

77

Хрватска има девет компании што ја претставуваат на ранг листата на консултантската компанија Deloitte, во којашто се најдоа 500 најбрзорастечки компании од Европа, Средниот Исток и Африка.

Интернет продавницата Bazzar.hr е на 39-ти место, благодарение на раст од 2.821%, пренесува Пословни дневник.

“Можностите што ги пружа интернет продажбата во овој дел од регионот сè уште е во фаза на развој, поради тоа влезот на листата на Deloitte за нас е само потврда на добриот пат околу реализација на потенцијалот што го има електронската трговија“, вели Тана Зимерман, главна извршна директорка на Bazzar.hr.

Предводник на листата на Deloitte е британската дигитална банка Revolut, чиј раст на приходите е 39.754%.

Меѓу првите пет најбрзорастечки се најдоа: OakNorth од Велика Британија со раст од 30.706%, германски Cloud&Heat Technologies GmbH (21.474%), DivideBuy од Велика Британија (19.572%) и Fineway од Германија со раст од 16.594%.

Од средна Европа оваа година меѓу 500-те најбрзорастечки, 80 се од овие земји: Чешка (24), Полска (21), Хрватска (девет), Литванија (седум), Словачка (шест), Романија (четири), Бугарија и Унгарија (три), Словенија, Босна и Херцеговина и Естонија (по една). Минатата година од овој регион имаше 51 компанија.