Раст од 39.754% – британска fin tech компанија е вистинска “газела“

75

Компанијата Revolut од Велика Британија е најбрзорастечка меѓу 500 компании од регионот ЕМЕА, што ги опфаќа Европа, Средниот Исток и Африка, според Deloitte’s Technology Fast 500 EMEA, што веќе 19 години ги рангира најбрзорастечките во секторите технологија, медиуми и комуникации.

На овогодишната листа има 500 компании од 22 земји, чија просечна стапка на раст на приходите им е 1.258%, што е раст во однос на 969% забележан во 2018 година. стапката на раст на приходите на компаниите се движела меѓу 157 и 39.754%, пишува www2.deloitte.com.hr.

Инаку, дигиталната банка Revolut од Велика Британија е прва на оваа ранг листа со раст од 39.754%. Станува збор за fin tech компанија што направи апликација за тргување со крипто валути.

Меѓу првите пет најбрзорастечки се најдоа: OakNorth од Велика Британија со раст од 30.706%, германски Cloud&Heat Technologies GmbH (21.474%), DivideBuy од Велика Британија (19.572%) и Fineway од Германија со раст од 16.594%.

Од средна Европа оваа година меѓу 500-те најбрзорастечки, 80 се од овие земји: Чешка (24), Полска (21), Хрватска (девет), Литванија (седум), Словачка (шест), Романија (четири), Бугарија и Унгарија (три), Словенија, Босна и Херцеговина и Естонија (по една). Минатата година од овој регион имаше 51 компанија.

Анализирано по земји, Велика Британија има најмногу брзорастечки компании (98), по што следуваат: Холандија (70), Германија (47), Шведска (46), Белгија (35), Финска (34) и Португалија (31).

Фото: Freepik