Германскиот производител на спортска опрема вториот квартал од годината го заврши со оперативна загуба од 333 милиони евра, јавува Ројтерс.
Во овој период Adidas евидентираше пад на загубата од 35% и се позиционираше на 3,5 милијарди евра. И покрај порастот на електронската трговија, сепак најголем пад на продажбата е регистриран во Европа (40%) и Северна Америка (38%).
Онлајн продажбата на производите на Adidas е зголемена за 93%. Од компанијата очекуваат оперативната добивка да се движи меѓу 600 и 700 милиони евра во третиот квартал.
Фото: Facebook