Пандемијата ги “менува“ тоалетите во авионите

92

Несомнен е фактот дека авиоиндустријата е еден од најтешко погодените сектори од пандемијата. Бројни летови беа или целосно укинати или редуцирани, но и покрај тоа кај луѓето останува стравот да се дели исто простор со непознати луѓе во воздух.

Авиокомпаниите, освен што се борат за опстанок, тие мора да смислуваат иновативни начини за да ја зголемат безбедноста и заштитата од ширење зарази и за персоналот и за патниците.

Освен точно утврден ред на седење во авионот, редовно дезинфицирање, мерење температура, носење заштитна маска… се менува и начинот на којшто ќе функционираат тоалетите. Во иднина тие ќе бидат touch free, односно технологија преку којашто патниците ќе ги извршуваат физиолошките потреби без да допрат било каква површина во тоалетот.

При една посета на тоалет во авионот, патникот допира најмалку седум точки, пренесува CNBC. Па затоа, не е доволна заштита само дезинфекција на просторот, туку и сензорска технологија што овозможува елиминирање на сите вируси и бактерии и нивно размножување.

Фото: Freepik