Европејците седат дома, а тоа скапо ги чини милиони работници

72

ТUI, најголемиот тур-оператор во светот, соопшти дека резервациите паднале за дури 81% меѓу јуни и почетокот на август во однос на истиот период во 2019 година, така што се очекува долго и бавно закрепнување на европската летна сезона.

Компанијата со седиште во Германија управува со крузери, авиокомпании и хотели (повеќе од 400), а оваа година тие продадоа само 16% од резервациите кога станува збор за нивната летна програма.

ТUI вработува околу 70.000 луѓе ширум светот, чии работни места сега се во опасност затоа што Европејците претежно остануваат дома на одмор. Во вториот квартал, овој туристички гигант објави оперативна загуба од 1,1 милијарди евра.

Иако ограничувањата се олеснети на глобално ниво, продажбата на празнични патувања за престојната зима е намалена за околу 40%. Компанијата, која позајмила скоро 2,9 милијарди евра од германската влада за да ја преживее кризата, не очекува бизнисот да се врати во нормала пред 2022 година.

Фото:Freepik