Намален прометот во трговијата на мало во јули

19

Во трговијата на мало, во јули 2020 година, во споредба со јули 2019 година, гледано по групи и класи, намалување на прометот е забележано во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 5,1%, а реално за 8,2%), Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво (номинално за 6,9%, а реално за 6,8%).

Намалување на прометот има и кај трговија на мало, освен трговија со горива (номинално за 6%, а реално за 7,5%) и Трговија на мало со автомобилски горива (номинално за 37,9%, а реално за 29,3%).

Фото: Freepik