Биоразградлива заштитна маска за лице од конопни влакна

98

Француска компанија, специјализирана за производство на филц, платно и текстил на база на растителни влакна, почна да продава заштитни маски направени од влакна од коноп.

Заштитните маски за лице од влакна од коноп ги развија експерти од компанијата оваа пролет, а се верува дека маската има капацитет за филтрирање од 89%. Внатрешноста на маската е прекриена со тенок слој ткаенина за да не му пречи на лицето.

За лесен проток на воздух, маската не користи никакви дополнителни филтри, а освен тоа е биоразградлива и не ѝ штети на животната средина.

Едно пакување од 50 вакви заштитни маски може да се најде по цена од околу 35 евра.

Фото: Facebook