Бизнис конфедерацијата на Македонија се претстави во Хирошима

66

D49BB1236C111342AD20F0E4AFFB27BEБизнис конфедерацијата на Македонија пред јапонски експерти во Хирошима ги презентираше својата работа, мисијата и идните планови за поголем економски раст и подобрување на социо-економската состоба во земјата.

Покрај тоа членовите имаа можност да слушнат препораки за развој на малите и средните претпријатија.

Тие беа гости на Префектуралниот државен универзитет во Хирошима, Јапонија, во рамки на програмата Политики за развој на мали и средни претпријатија, обезбедена преку јапонската програма за развој ЈИЦА и  Секторот за европски прашања на Владата на Република Македонија.

Покрај стручните искуства професорите од Универзитетот на предавањата изнесоа позитивни препораки за преземање поголеми активности кои би им биле од корист на МСП, заедно со социјалните партнери, образовните институции, локалната самоуправа и Владата.

Викторија Митрикеска од Конфедерацијата на Македонија, ги претстави основните стратегиски документи на организацијата како основа за подобрување на состојбите кај МСП во Македонија, Анализата за сезонските вработувања во индустријата, Агендата за општествена одговорност, реструктуирање на транспортната индустрија и водичот за бизнис етички кодекс за македонските претпријатија.

Освен бизнис претставници од Македонија во Хирошима престојуваа и учесници од регионот, Србија, Црна Гора, Косово, Албанија, како и претставници од Узбекистан, Казахстан и Молдавија.