Официјална Кина ги повика американските компании активно да учествуваат на нејзиниот пазар, најгласувајќи дека ќе создаде чесно и праведно деловно окружување, пренесува Ројтерс.
“Постојат добри пазарни перспективи за соработка со американски компании во области како што се 5G и нови електрични возила“, рече Сијао Јачинг, кинески министер за индустрија и информатички технологии.
Претставници од тамошното министерство претходно имале состанок со американски компании, на којшто станало збор за затегнатите односи меѓу Пекинг и Вашингтон, посебно во технолошкиот сектор.
Фото: Freepik