Турски TOGG најави дека нивниот домашен електричен автомобил ќе има батерија што најдолго трае во споредба со конкурентите што се присутни на пазарот, пренесуваат турските медиуми.
Посебен вид на катода ќе се користи во литиум јонските ватерии, што ќе овозможи оптимизирање на енергија и давање на потребната моќност, велат од TOGG.
Првиот турски електричен автомобил, според најавите, ќе може да помине меѓу 300 и 500 километри со едно полнење, а батериите ќе може да се наполнат до 80% за помалку од половина час.
Фото: YouTube