Словенија одвојува 70 милиони евра за формирање нов национален авиопревозник

14

Словенечките власти повторно размислуваат за воспоставување нов нациолнален авиопревозник со приватен партнер. За таа намена првично се одвоени 70 милиони евра како дел од мерките за ублажување и отстранување на последиците од пандемијата, пренесуваат словенечките медиуми.

“Овој план овозможува и субвенционирање и повратни средства, што значи дека државата може да биде вклучена во основање на авиопревозник или да учествува во негово основање на различни начини, како што е кредит или капитал“, соопштуваат од словенечкото министерство за економија.

На крајот на минатата година, по банкротот на Adria Airways, словенечката државна компанија за управување со банкарски имот, изработи бизнис план за потенцијален нов национален авиопревозник.

Фото: Freepik