Цементарница Усје деветте месеци од оваа година ги заокружи со добивка од 1.135.985.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.
Од први јануари до 30-ти септември лани, компанијата прикажа добивка од 940.291.000 денари.
Вкупните приходи од продажба, на крајот на септември, имаа вредност од 3.505.790.000 денари. На домашен пазар отпаѓа поголем дел од продажбата во висина од 2.374.501.000 денари, а остатокот од 1.131.289.000 денари е остварен на странски пазари.
Во текот на деветте месеци од минатата година, вкупните приходи од продажба на достигнаа 3.464.505.000 денари.