Шведска осигурителна компанија споделила милиони приватни податоци со Facebook, Google…

87

Најголемата шведска осигурителна куќа, Folksam објави дека случајно доставила приватни податоци на околу милион клиенти на неколку светски технолошки компании, пренесува Ројтерс.

Folksam го осигурува скоро секое второ домаќинство и половина од граѓаните во Шведска, а податоците ги подели со компании, како што се Facebook, Google, Microsoft и LinkedIn.

“Сериозно го сфаќаме она што се случило. Веднаш престанавме да ги споделуваме сите лични податоци и побаравме нивно бришење. Тоа не смееше да се случи и напорно работиме на тоа никогаш веќе да не се повтори“, изјави Јенс Викстром, маркетинг директор на Folksam.

Податоците вклучуваат броеви на социјално осигурување, коишто во Шведска се користат во секојдневните активности.

Европските регулатори, во последните години, строго ги казнуваат компаниите што ги кршат правата на приватност.

Фото: Pexels