Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон изјави дека по Брегзит ќе се воспостави трговски договор со Европската унија.
“Договорот е тука, треба да се приведе до крај, работите се многу јасни. Отсекогаш сум бил ентузијаст за трговскиот договор со нашите европски пријатели и партнери“, рече Џонсон.
Британскиот премиер истакна дека договорот е близу.
“Само треба да се фатиме за работа и да го дадеме својот максимум. Зборував со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. Таа целосно се согласува со мене“, рече Џонсон.
Фото:Pixabay