Нафташите се плашат од разгорување на пандемијата

48

Цените на нафтата на крајот на минатата недела паднаа под 40 долари за барел, поради силниот втор бран на пандемијата во Европа, а дополнителна неизвесност на пазарот на “црното злато“ направија и претседателските избори во САД.

На лондонскиот пазар, цената на барел нафта се намали за 1,15 долари и изнесуваше 39,78 долари, додека на американскиот пазар падот беше 1,24 долари и цена од 37,55 долари.

Како причина за падот на цената на нафтата се наведува повторното разгорување на пандемијата.

Организацијата на земји извозници на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници го намалија производството за 7,7 милиони барели дневно, а од почетокот на идната година би требало да го ублажат намалувањето на 5,7 милиони барели дневно.

Фото: Freepik