Паметните часовници добиваат конкуренција – се подготвува електронска кожа

90

Паметните рачни часовници стануваат сѐ попопуларни од година во година, но се чини сега добиваат конкуренција.

Научници од Колорадо работат на изумот “електронска кожа“ кој ќе ги замени гаџетите и истовремено ќе ја намали количината на електронски отпад.

Според досегашните сознанија, овие фластери ќе може да ги мерат отчукувањата на срцето, бројот на направени чекори, потрошени калории и слични параметри што ги покажуваат паметните часовници и ќе можат да се носат на кој било дел од телото.

“Ќе можете да ги ставите околу зглобот, како рачен часовник. Можете да ги ставите околу вратот, како ѓердан… плочките даваат многу можности што досега не беа достапни“, изјави Џијанглинг Чао, еден од истражувачите.

Електронската кожа ќе може да се растегнува до 60% во сите насоки без да ја изгуби функционалноста.

Фото: Twitter