Дубаи воведува систем за препознавање лица во градскиот превоз

61

Властите во Дубаи одлучија да воведат систем за препознавање лица во јавниот превоз во градот, со цел да го зголемат нивото на безбедност.

Во овој град веќе се користи биометриски систем за препознавање лица, но само на главниот аеродром.

“Технологијата се покажа како ефикасна во препознавањето на сомнителни и барани лица“, изјави Обаид ал Хатбор, директор на Одделението за безбедност во сообраќајот во Дубаи.

Градот се смета за водечки паметен град на Блискиот Исток, а сака да стане и центар на вештачката интелигенција, пишува Tech Xplore.

Фото: Pixabay