Растат цените на нафтата втора недела по ред

59

Цените на нафтата минатата недела забележаа пораст, втора недела по ред, бидејќи завладеа оптимизам на светски пазари по најавата за вакцина против Ковид-19.

На лондонскиот пазар, цената на барел нафта се зголеми за 8,4% на 42,78 долари, додека на американскиот поскапе за 8,1% на 40,13 долари.

Сепак, проекциите за побарувачка не се многу оптимистички, со оглед на повторно воведените ограничувања за движење во Европа и САД поради рекордното ширење на вирусот.

Меѓународната агенција за енергетика предупредува дека вакцината против Ковид-19 нема да има значителен удел на глобалната побарувачка за нафта, некаде до втората половина на следната година.

И најголемите производители на нафта во светот, земјите членки на ОПЕК, го намалија производството на 7,7 милиони барели дневно, а од почетокот на следната година би требало да биде на 5,7 милиони барел на дневна основа.

Фото: Freepik