Мотивирањето на тимот вработени повеќе е уметност отколку знаење. Сите луѓе не ги мотивираат истите работи и на различни личности треба различно да им се пристапи. Некого го мотивираат критики, друг награди. Некои сакаат да дадат се од себе, додека некои, пак, одат на работа само за да земат плата.
Прочитајте неколку техники што ќе ви помогнат да го пронајдете вистинскиот начин за мотивирање на вработените:
Фокусирајте се на “поголемата слика“
Една од најдобрите мотивирачки техники е да го поврзете вработениот со “поголемата слика“. Кога сте започнале да работите најверојатно сте имале некоја друга мотивација покрај работата како таква. Можеби сте сакале да изградите подобар живот за себе и својата фамилија или сте сакале на било кој начин да го направите светот подобро место. Иста е ситуацијата и со вашите вработени. Ако воочите намалување на продуктивноста и мотивираноста, тоа е најверојатно затоа што сте ја изгубиле врската меѓу тоа што го работите и причината зошто тоа го работите. Потрудете се преку разговор да ги дознаете причините на вработените, за да можете да ги потсетите на “поголемата слика“.
Потенцирајте ја важноста на процесот
Понекогаш вработените не ги извршуваат работните задачи, бидејќи мислат дека нема да има штета ако го одложат нивното извршување. Тоа што ним им се чини небитно, всушност може да е камен темелник на некој следен чекор во работата. Можеби треба да им го објасните синџирот на настани што се неопходни да се случат за да може да се оствари некоја цел. Сите чекори во процесот се важни.
Обрнете внимание на задачите што им се допаѓаат
Најдобрата мотивација доаѓа од самите вработени. Кога разговарате со некој, обрнете внимание на тоа што го говорат и начинот на којшто зборуваат. Така ќе можете да откриете како најдобро да ги мотивирате. Тоа може да се наречат клучни зборови. Нив можете да ги препознаете зошто обично се нагласени, или со тон, или со невербална комуникација.
Наградете го успехот
Еден од најдобрите начини за создавање основа за идна мотивираност во работењето е да им одадете признание и да го наградите успехот. Ако вработените ги мотивирате да бидат активни, а не ги наградувате, тогаш нема да има ентузијазам следниот пат кога ќе им пристапите. Признавање на успехот е мотивација за постигнување на успех во иднина.
Фото: Pixabay