Неколку трикови за поуспешна работа од дома

Експерти се занимавале со тоа како можете да бидете позадоволни додека работите надвор од канцеларијата, во продолжение следуваат пет совети:

Правило број 1: Пуштете ја светлината во станот

Приливот на сончева светлина предизвикува лачење на серотонин, хормонот на среќата, така што врската помеѓу природната светлина и расположението е научно докажана. Тоа им помага на луѓето да се релаксираат и да се фокусираат.

Правило број 2: Намалете ја бучавата

Научниците тврдат дека нашиот мозок постојано се обидува да препознае разни звуци и промени од околината, што може да влијае на работата, односно може да не деконцентрира.

Правило број 3: Ослободете се од вишокот

Ослободете се од работите кои ви пречат во работниот простор. Кога просторијата е преполна, тоа може да биде прилично демотивирачки. Всушност, не случајно канцелариите денес се организираат едноставно: чиста работна маса, растение и лаптоп се сè што ви треба.

Правило број 4: Направете пауза, вежбајте

Дома сте, никој не ве гледа, никому не пречите. Направете 5-минутна пауза за истегнување најмалку двапати во текот на работниот ден.

Правило број 5: Не ја потценувајте моќта на растенијата

Постојат многу научни докази дека светлината, но и природната средина, односно, зеленилото – влијаат на нашиот мозок и работа. Доаѓа до намалување на крвниот притисок, вознемиреноста, стресот. Во исто време, опкруженоста со растенија ви помага да спиете подобро и да бидете пофокусирани.

Фото: Freepik